Реклами  


Cuba

WNet


  Анкета  
 
Која Ви е омилена боја:
 
 
Присутни
Имаме 24 гости на оваа страница
 
Линк пријатели
Ти реков, ми рече

 
Конечно крај за Бритни и Кевин Испечати Е-пошта
8.11.2006.
Бритни СпирсВо момент на трезвеност, термин што обично го користат алкохоличарите, Бритни Спирс поднесе барање за развод од Кевин Федерлајн. На општо задоволство.

Спирс ги поднела документите вчера, на 7-ми ноември, во судот во Лос Анџелес, а притоа како причина за разводот ги навела "ненадминливите разлики". Во документот, Спирс бара легално и физичко старателство над двете деца, едногодишниот Шон Престон и двомесечниот Џејден Џејмс, додека Кевин би добил права на посети.

Што се однесува до парите, двојката, која се зема во септември 2004, има доста прецизен предбрачен договор. Дури Бритни си го користи правото на алиментација. Таа исто така побарала од судијата секој од нив посебно да си ги плати адвокатските трошоци. Очигледно Кевин нема ништо да ќари.

Ако случајно Ве интересира, барањето можете да го погледнете овде.

Би сакале да и честитаме, но самата си беше виновна за овие две години. Речиси секојдневно беа на насловните страници на таблоидите, дали поради изгледот на Бритни кој беше се полош или поради глупостите на Кевин и неговите напори да биде славен рапер. Тој никако не успеа во тоа, но сепак ќе остане познат по двете деца кои и ги направи на Бритни.

Интересно е што истиот ден кога го поднела барањето, Бритни ненајавено се појавила во шоуто на Дејвид Летерман, очигледно да се пофали со новата става и фризура. Најава на камбек? Еве го видеото од настанот:

 
 
Спонзори:
Хе хе сликичка
Галерија

:-)
Огласи:
- Лечам од менструација... 9 месеци гаранција;
- Отпушувам матерки;
- Продавам ново куче доберман, има само два пати залајано;
- Продавам свежи пилиња, скоро јајца;
- Продавам крава, црна металик боја, HI-FI мукање, спуштено виме, спортски задник и алуминиумски копита!
 
Наскоро!!! ЕПП преминува во Cafe.Com.Mk