|
Tom Cruise и Katie Holmes ја закажаа свадбата |
|
|
|
25.10.2006. |
Tom Cruise и Katie Holmes конечно закажаа дата за нивната венчавка. Ќе се венчаат во Италија, на 18 ноември, изјавил Arnold Robinson, претставникот на Круз.
Holmes ќе биде облечена во фустан од Giorgio Armani. Свршувачката на Katie и Tom беше во јуни 2005 г. Suri, нивната ќеркичка се роди на 18 април. Минатиот месец за прв пат се појави на насловната страна на Vanity Fair списанието. На сликата таа ѕирка преку палтото од Том. Откако беа прв пат забележани заедно, во април 2005 година, нецели два месеци покасно Том изјави дека ја побарал за жена на врвот на Ајфеловата кула, во Париз. Претходно, Кејти беше верена со Chris Klein, а Том со Mimi Rogers и Nicole Kidman. Врската со Penelope Cruz беше само интересна романса.
|