Опкружен од фамилијата, пријателите и другарите од А-листата, Брус Вилис ја доби својата ѕвезда на Патеката на Славните, додека еден куп обожаватели го следеа настанот. Таму беа бившата жена Деми Мур и нејзиниот сопруг Ештон Качер, а исто така беа и Бен Афлек, Кевин Костнер, Силвестер Сталоне, Дон Џонсон и Били Боб Тортон. Присуствуваа и децата на актерот кој е добитник на Еми награда.
"Порано доаѓав овде и гледав во овие ѕвезди и никогаш не можев да сфатам што всушност треба да направиш за да добиеш една", изјави Вилис. "Помина доста време и еве сум овде и го правам ова, и сеуште сум возбуден. Сеуште сум возбуден што сум актер." Ѕвездата на Вилис, 2321-вата изгравирана на Патеката на славните, беше откриена на булеварот Холивуд пред Grauman's Chinese Theatre во предвечерјето на издавањето на ДВД-то на "Over the Hedge." Вилис го позајми гласот на RJ ракунот во анимираниот филм. Вилис, кој доби Еми за неговата улога во серијата "Случајни партнери" (Moonlighting) која се прикажуваше од 1985 до 1989, најмногу е познат по неговиот портрет на детективот John McClane во "Умри машки" (Die Hard) филмовите. Уште едно продолжение, "Live Free or Die Hard," ќе има премиера на 29-ти јуни 2007-ма. Негови други позабележителни улоги се во филмовите "The Sixth Sense," "Pulp Fiction," "Twelve Monkeys" и "The Jackal." Последниот филм на Вилис, "Fast Food Nation," во кој тој игра бескрупулозен фармер, е планирано да се појави на 17-ти ноември. |